Македонија
10. October 2019 - 16:42

Епидемијата на морбили се уште на сила иако нема нови случаи

Месец дена нема новозаболени од морбили, но сеуште е на сила епидемијата во цела држава. За нејзино одјавување потребно е 42 дена да нема ниту еден нов случај со мали сипаници велат од Институтот за јавно здравје.

-Последниот случај на заболен од морбили е регистриран на 13 септември. За одјавување на епидемијата потребно е да поминат два инкубациони периоди од максимум 21 ден. Доколку во меѓувреме има нов случај тој циклус се повторува од датумот кога е евидентиран последниот заболен, изјави д-р Владимир Микиќ, епидемиолог во ИЈЗ.

И да нема епидемија на морбили останува мерката без примени вакцини децата да не се запишуваат во градинка или училиште потенцираа во повеќе наврати здравствените власти. Министерот за образование викендот изјави дека уште се обработуваат податоците за тоа колку деца кои немале урреден вакцинален картон не биле запишани во училиште.  

Од почетокот на годината до септември регистрирани се 1900-тини заболени од мали сипаници, а 4 деца починаа.