Македонија
29. March 2019 - 16:36

Епидемија од морбили прогласена и во Кичево, заразата се шири и кај возрасните

Епидемија на морбили е прогласена и во Кичево поради зголемениот број на заразени. Малите сипаници се раширени во 20 градови во земјава. И минатата недела има над 100 новозаболени. Според епидемиолозите овој период повеќето од заразените се над 30 годишна возраст, за разлика од претходните 2 месеци кога најмногу заболуваа деца.

На Инфективната клиника има хоспитализирано неколку пациенти со потешки компликации од морбили. Од почетокот на годинава  од мали сипаници заболеле над 770 лица, а три деца починаа.