Македонија
2. January 2019 - 15:30

Епидемија на морбили во Скопје, невакцинирани деца нема да бидат примани во градинките

 Министерството за здравство прогласи епидемија на морбили или мала сипаница на подрачјето на Град Скопје, откако претходно биле регистрирани 12 нови лица заразени од оваа болест. Сите 12 новозаразени лица не биле вакцинирани.

Од 12-те нови случаи, шест се потврдени, а другите шест имаат типична клиничка слика. За нив од Министерството дополнителни информации најавија за утре.

Како дел од мерките што денеска на прес-конференција ги најави министерот за здравство Венко Филипче, се задолжителната вакцинација на невакцинирани деца со МРП, како и забрана за носење невакцинирани деца во градинките.