Спорт плус
4. October 2015 - 9:33

ЕП - жени: Холандија и Русија во финалето

Репрезентациите на Холандија и на Русија ќе играат во финалето на Европското првенство што се одржува во Ротердам. На вчера одиграните полуфинални дуели домаќинот Холандија ја победи Турција со 3:0 (25-22, 25-18, 28-26), додека Русија беше поуспешна од европскиот шампион Србија со 3:1 (25-23, 25-23, 21-25, 25-22).
 
Финалето се игра денеска попладне од 17 часот, додека во дуелот за бронзениот медал ќе играат Србија и Турција.