Ракомет
10. December 2016 - 22:25

ЕП - жени: Холандија го совлада домаќинот Шведска

Со денешните три натпревари од групата 1 стартуваа возбудувањата од втората фаза од Европското првенство за ракометарки што се одржува во Шведска.
Германија ја победи убедливо Србија со 26:19, додека Холандија славеше победа над домаќинот Шведска со 33:30. На последниот дуел што се играше во Гетеборг Франција ја победи Шпанија со 23:22.
 
Табела: Германија 4 бодови, Франција 4, Холандија 4, Шведска 3, Србија 3, Шпанија 0.
 
Утре се играат дуелите од групата 2 во Хелсингборг:
Чешка – Русија (почеток 16:15 часот),
Унгарија – Романија (почеток 18:30 часот) и
Данска – Норвешка (почеток 20:45 часот).