Фудбал
14. јуни 2016 - 20:02

ЕП: Унгарија со 2:0 ја победи Австрија

 
 
 
Соседското дерби меѓу Унгарија и Австрија го добија Унгарците, кои се 2:0 славеа победа во натпреварот од групата Ф, одигран во Бордо.
 
 Адам Салај во 63-минута и Золтан Штибер во 87-минута беа стрелци на головите за Унгарија, која по водството од 1:0 од 66-минута играше со играч повеќе откако Александер Драговиќ заработи втор жолт картон (автоматски црвен).
 
Во вториот натпревар од оваа група, со кој ќе биде комплетирано првото коло на шампионатот, вечерва од 21 часот во Сент Етијен ќе играат Португалија и дебитантот Исланд.