Фудбал
28. јуни 2019 - 12:03

ЕП У-21: Финале за Германија

Младинската репрезентација на Германија ќе игра во финалето на Европското првенство за фудбалери до 21 година во Италија, откако постигнаа два гола во финишот на мечот за комплетирање на пресвртот и 4:2 победата над Романија.

Младите Романци, кои се покажаа како најголемото изненадување на шампионатот, имаа водство на полувремето од 2:1 со головите на соиграчот на Несторовски и Трајковски од Палермо, Георге Пушкаш, но Џанлука Валдшмид со два гола и еден на Недиам Амири, „панцерите“ успеаја „традиционално“ во финишот на мечот да го решат патникот во финале.

Во финалето за европската титула, Германците ќе играат со подобриот од второто полуфинале, во кое вечерва од 21 часот во Реџо Емилија ќе се борат Франција и Шпанија.