Loading Video...
Кошарка
4. August 2018 - 18:15

ЕП У-18: Совладан и Азербејџан

Во Скопје и натаму се играат натпреварите од ЕП во Б- дивизијата на кое нашата репрезентација  во два дена оствари две победи и ќе разигрува за 17.место на шампионатот.

                 

            Денеска избраниците на селекторот Панче Милевски ја повторија играта од вчерашниот дуел со Данска и се радуваа на триумф од 65-50.

            Во нашата селекција солиден меч одиграа  Стојановски и Какруки особено во првиот дел кога обезбедивме предност од 24-35.

            Највисоката предност нашата селекција ја оствари во третиот период кога имавме водство од 54-34.

            Најефикасен  во нашиот тим беше Стојановски со 18 поени , Какруки постигна 15 а Панов 12.

            Македонија за 17.место ќе разигрува со победникот од  дуелот Луксембург- Швајцарија кој се игра вечерва.  Средбата е закажана за во недела од 17 часот.