ЕП У-18: Совладан и Азербејџан
Во Скопје и натаму се играат натпреварите од ЕП во Б- дивизијата на кое нашата репрезентација во два дена оствари две победи и ќе разигрува за 17.место на шампионатот.
Денеска избраниците на селекторот Панче Милевски ја повторија играта од вчерашниот дуел со Данска и се радуваа на триумф од 65-50.
Во нашата селекција солиден меч одиграа Стојановски и Какруки особено во првиот дел кога обезбедивме предност од 24-35.
Највисоката предност нашата селекција ја оствари во третиот период кога имавме водство од 54-34.
Најефикасен во нашиот тим беше Стојановски со 18 поени , Какруки постигна 15 а Панов 12.
Македонија за 17.место ќе разигрува со победникот од дуелот Луксембург- Швајцарија кој се игра вечерва. Средбата е закажана за во недела од 17 часот.
-
Зоран Николовски
Сите содржини од овој новинар