Loading Video...
Спорт плус
12. March 2019 - 19:40

ЕП Шах: Шаховската елита од 17.март во Скопје

Се е подготвено за стартот на поединечното ЕП во Шах што од 17-ти до 30-ти март ќе се одржи во хотелот Хилтон во Скопје.  Претседателот на ШФМ  Благоја Богоевски најави рекорден број учесници.

 

Се работи за голем спортски настан можеби најголем од шаховската олимпијада во 70-тите.

Некаде околу 400 учесници, најголема бројка досега. Очекуваме убав шаховски настан,убаво натпреварување за Македонија.  Навистина беше тешко и напорно да се организира сето ова.  Благодарение на помошта од Владата на РМ, општината Аеродром и АМС успеавме да го подготвиме овој настан и ја користам оваа прилика да ги поканам сите љубители на шахот на свеченото отворање в недела во хотелот Хилтон.

Свеченото отворање е на 17.03 во 19ч.