Свет
7. July 2015 - 16:30

ЕП се заложи за единствен билет за сите видови транспорт при едно патување

Интегрирани билети за патување во ЕУ, со истовремено користење на неколку транспортни средства - авион, брод, воз, автобус, би можеле да го направат јавниот превоз повеќе атрактивни, смета Европскиот парламент.

Европратниците притоа ги повикаа земјите од ЕУ да го подобрат споделувањето на информации за времето на патување. Во отсуство на напредок до 2020 година, Европскиот парламент побара од Еврокомисијата да воведе европски закон за да се затвори ова прашање, се додава во извештајот, по кој е усвоена резолуција со 592 гласови „за“, 62 „против“ и 52 „воздржани“.

Како што јави дпоисникот на МИА од Стразбур, во резолуцијата европратениците укажеуваат на придобивките кои единствен билет може да им ги донесе на патниците со користење на различни видови на транспорт при едно патување. Тие веруваат дека леснотијата и трговски погодности кои ги нуди интегриран мултимодален интегриран систем за билети ќе привлече повеќе патници во јавниот превоз.

- Тоа е често тешко, а понекогаш и невозможно, да се добие еден билет за прекугранично патување, особено ако тоа е комбинација на различни начини на транспорт како воз и автобус, рече известувачот Дитер-Лебрехт Кох од Германија). - Во овој свет на поврзаност, ние треба да бидеме способни да создадеме интегрирани билети, кои го прават животот полесен за патниците. Не е неопходно ова да остане и понатаму во фазата на план, ние треба да работиме на тоа сега, додава тој. 

Превозниците и туристичките агенции треба да развијат соработка за обезбедување на прекугранични услуги, се вели во резолуцијата. Европскиот парламент побара од Еврокомисијате да ги преземе сите неопходни мерки за поддршка и олеснување на овие напори.

Ако нема вистински напредок до 2020 година, Комисијата треба да преземе законски мерки за воспоставување на минимум правила.

Пратениците подвлекуваат дека обезбедувањето на информации за патниците со сеопфатен распоред, достапен, неутрален и доверлив во реално време, е предуслов за постигнување подобри системиза билети.

Тие ги повикуваат земјитечленки на ЕУ  најдоцна во 2020 година да воспостават модернизирани системи на информации за распоредот и цените врз основа на отворените интерфејси, кои меѓусебно ги поврзуваат податоците на локалниот и регионалниот и градски јавен превоз.

Најдоцна до 2024 година, треба да се воведат прекугранични мрежи на националниот информатички системи на распоредот и цените со вистински информации за возмиот ред на компаниите на јавниот локален превоз и обезбедување на оператори-даватели на услуги.

Комисијата исто така треба да достави предлог со кој принудуваат превозниците да стават на располагање, фер и праведни услови, кои се потребни за да обезбеди посеопфатна услуги за податоци.

ЕП испраќа и повик за изработка на повелба за правата на патниците кои ги покриваат сите видови на транспорт и бара од Комисијата да достави предлог пред крајот на 2017 година.