Ракомет
14. December 2018 - 19:46
ЕП Ракомет (ж): Русија во финале се чека противникот
Селекцијата на Русија е првиот финалист на ЕП во ракомет за жени откако попладнево во квалитетен меч ја совлада Романија со 28-22. Мечот започна со добра игра на Романките кои настапија без својата најдобра ракометарка Неагу и водеа во текот на првото полувререм. Во продолжението од мечот Русија доминираше предводена од разиграната Виахорова која постигна вкупно 13 гола а решавачки беше стартот на вториот дел кога Романија цели 8 минути не постигна гол.
Во второто полуфинале вечерва играат Франција и Холандија.
-
Зоран Николовски
Сите содржини од овој новинар
-->
-->