ЕП Ракомет (ж): Холанѓанките среќно против Шпанија
Преубавите Холанѓанки ја забележаа и втората победа на ЕП во Франција, откако во интересен меч со 28:27 беа подобри од Шпанките, додека Норвешка по фрустрирачкиот пораз од Германија во првото коло ги „начека“ Чехинките за висока и убедлива 31:17 победа.
Холандија и Шпанија играа за пласман понатаму откако двете репрезентации имаа убедливи победи во првото коло, и иако „лалињата“ имаа предност од +3 во првото полувреме, финишот беше за инфаркт.
На само 17 секунди пред крајот, Шпанија успеа да израмни на 27:27, но Холанѓанките дојдоа до победата откако Лоис Абинг од огромна далечина успеа да постигне гол за неверојатна победа. Нике Грот заврши со 9 гола за Холандија, Абинг имаше 6, додека за Шпанките Кармин Мартин имаше шест гола.
Актуелниот шампион, Норвешка пак, по изненадувачкиот пораз од Германија, имаше апсолутна доминација над Чехинките, победувајќи со огромни 14 гола разликa.
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари