Ракомет
29. November 2018 - 15:21

ЕП Ракомет (ж): Домаќинот Франција на стартот против Русија

Време е за ракометните возбудувања на стариот конкурент и тоа во женска конкуренција.  Шампионатот ќе се игра во Франција по 13-ти пат а на отворањето се игра дерби помеѓу домаќинот Франција и еден од кандидатите за висок пласман Русија. Дуел на светскиот и олимпискиот првак.

Натпреварот во Нанси ќе биде прв што ќе го одиграат двете селекции по пауза од две години. Последен пат Франција и Русија играле во финалето на Олимписките игри во Рио де Жанеиро, кога екипата на Евгениј Трефилов победи 22:19.

На ЕП ќе учествуваат 16 репрезентации, титулата ја брани Норвешка. Оваа земја е рекордер со седум титули европски првак.

Група А: Данска, Србија, Шведска, Полска
Група Б: Франција, Русија, Црна Гора, Словенија
Група Ц: Унгарија, Шпанија, Холандија, Хрвтаска
Група Д: Норвешка, Романија, Германија, Чешка

Финалниот меч ќе се одигра на 16.декември.