Loading Video...
Ракомет
20. January 2016 - 19:38

ЕП Ракомет: Македонија – Хрватска (четврток 20:30 часот)

 Македонската ракометна репрезентација која синоќа обезбеди пласман во втората фаза на Европското првенство во Полска, утре против Хрватска ќе се обиде да ги освои првите бодови во новоформираната група. Освен со „коцкестите“, Македонците во вториот дел од шампионатот ќе се сретнат со Белорусија и со Норвешка.

Распоред на натпреварите во групата 1:

21 јануари (четврток): Македонија – Хрватска, Франција – Белорусија.

23 јануари (сабота): Полска – Норвешка, Хрватска – Франција.

25 јануари (понеделник): Македонија – Норвешка, Полска – Белорусија.

27 јануари (среда): Македонија – Белорусија, Полска – Хрватска, Франција – Норвешка.

Табела група 1: Полска 4 бодови, Норвешка 4, Франција 2, Хрватска 2, Македонија 0, Белорусија 0.