Ракомет
13. January 2018 - 19:08

ЕП Ракомет: Генсхајмер ја торпедираше Црна Гора

Во отсуство на својот најдобар играч Вуко Борозан, Црногорците беа немоќни да му се спротистават на силниот противник кој на крајот славеше со 32-19. 
По слабиот почеток на мечот на двете селекции Германците почнаа да го мелат противникот  со водство од 13-3 и уште на крајот од првиот дел има убедлива предност од 17-9 која во вториот без проблеми ја одржуваа. 
Уве Генсхајмер со девет погодоци од исто толку обиди беше најефикасен во редовите на Германија, на другата страна Липовина имаше седум пгодоци. 
Репрезентацијата на Црна Гора е нашиот следен противник на шампионатот и тоа во понеделник во 20.30ч.