Ракомет
23. January 2020 - 20:33

ЕП Ракомет: Финалето за македонските судии Начевски и Николов

Европската ракометна федерација  ЕХФ одлучи најважниот натпревар на ЕП што е во тек , финалето да им го додели на македонските судии Ѓорѓи Начевски и Славе Николов. 

Финалето се игра во недела од 16.30ч а учесниците ќе бидат познати по полуфиналните пресметки помеѓу Норвешка и Хрватска и Шпанија и Словенија.