Loading Video...
Ракомет
23. January 2020 - 19:48

ЕП Ракомет: Балканците им пркосат на Норвешка и Шпанија

На ЕП во ракомет  денеска затишје пред утрешната пресметка во полуфиналните дуели  во кои пласман обезбедија селекциите на  Норвешка, Шпанија, Хрватска и Словенија. 
Последното коло во втората фаза не донесе поголеми возбудувања за што пред се се погрижи селекцијата на Португалија која  ја изненади Унгарија  си со победа и овозможи на Словенија безгрижно да го одигра натпреварот со Норвешка  и со пораз да се пласира меѓу четирите најдобри селекции на стариот континент. 
Шпанците со нерешениот резултат против Хрватска  обезбедија полуфинале со селекцијата на Словенија која секако според досега прикажаното на првенството е аутсајдер во однос на останатите селекции пред се поради квалитетот но и искуството за големи натпревари. 
Дерби секако ќе биде пресметката помеѓу  кодомаќинот Норвешка и Хрватска на Лино Червар.   Норвежаните се фаворити во овој  дуел но традицијата вели дека на последните четири меѓусебни средби  Хрватска има три победи и еден нерешен резултат.  Каубоите можеби не се толку убедливи колку Норвешка на првенството но на мечевите со Германија и Шпанија покажаа дека за нив нема загубен натпревар.  Првото полуфинале утре се игра од 18ч додека второто помеѓу Шпанија и Словенија е на програмата во 20.30ч.