Ракомет
28. July 2016 - 19:13

EП ракомет (20г): На стартот пораз од Норвешка

Македонската ракометна селекција до 20 години со пораз стартуваше на ЕП во Данска. 

Во првото коло подобри од нашите јуниори беа Норвежаните кои славеа со 27-23. 
Македонија играше добро до резултат 10-7 а потоа дозволи противникот на пауза да замине со водство од 12-7. 
На почетокот на вториот дел Норвешка почна да се одлепува уште со еден погодок и во еден момент имаше водство од 8 гола (15-7). 
На крајот сепак чесен пораз од 4 голови разлика. 
Утре од 20 часот Македонија игра со домаќинот Данска кој вечерва стартува со Холандија.