Ракомет
10. January 2020 - 9:04

ЕП ракомет 2020: Лазаров: Индивидуално и колективно сме подобри од Украина

Македонските ракометари вчера го одработеа првиот тренинг во Виена во пресрет на денешниот дуел со Украина. капитенот на репрезентацијата Кирил Лазаров по тренингот за денешниот ривал истакна:

- Ќе играме против непознат противник со кого се соочивме пред неколку години во едни квалификации. Наша е предноста бидејќи сме индивидуално и колективно подобри. Но, ова е Европско и затоа мора да одиграме како знаеме и умееме и да ги освоиме двата бода. За добар старт на шампионатот.
 
За новиот формат на првенството со 24 репрезентации (6 групи по 4 селекции), каде само првите две продолжуваат во следната фаза, а не три како порано Кире напомена:
- Мислам дека ова е добар потег на Европската федерација и за помалите држави да вложуваат во ракометот. Сега можеби потешко се стигнува до следната фаза, но има и послаби репрезентации на шампионатот. На глобален план ова е добро особено што ракометот така се доближува до фудбалот и кошарката.
 
Натпреварот Македониија - Украина вечерва се игра во Виенер Стадхале со почеток во 20:30 часот, додека во првиот дуел од групата Б Австрија за ривал ја има Чешка.
 
Од Виена 
Марјан Ников