Ракомет
10. January 2020 - 22:51

ЕП ракомет 2020: Изјави на селекторите од прес конференција

По стартната победа на македонските ракометари со 26:25 над Украина на прес конференцијата двајцата селектори истакнаа:
 
Даило Брестовац (Македонија): Честитки за украинската репрезентација, која се бореше 60 минути. Но, не дозволивме да го „прекршат“ резултатот. Останавме фокусирани и ја задржавме победата со голот во последната секунда.
 
Сергеј Бебешко (Украина):
Честитки за македонскиот тим за победата. Ние имаме млад тим, кој е пред се неискусен. Голманот на Македонија беше извонреден.