Ракомет
11. January 2020 - 9:04

ЕП ракомет 2020: Брестовац: Одбраната во првиот дел беше на потребното ниво

Македонската ракометна репрезентација со победа го почна настапот на Европското првенство откако синоќа во Виена ја совлада Украина со 26:25. Избраниците на селекторот Данило Брестовац до 40.та минута постојано беа во водство и тоа го зголемуваа постепено: 10 мин - 3:2; 20 мин - 8:6; 30 мин- 13:10; 40 мин. 19:15. 
 
Но, во следните 10 минути противникот направи серија од 3:7 за во 50.та минута да биде 22:22. На крајот сепак со голот на капитенот Лазаров Македонија успеа да стигне до победата.
- Игравме навистина добро во првото полувреме во одбраната функциониравме како што треба. Но, сепак во вториот дел како да не стигна и замор, а можеби и попушти концентрацијата во дадени моменти. Како и да противникот играше во нападот 7 на 6, што е дополнителен проблем за играчите во одбрана дека треба да се стигне секоја топка, изјави Брестовац.
 
Од Виена 
Марјан Ников