Ракомет
11. January 2020 - 21:08

ЕП ракомет 2020: Балканската пресметка за Црна Гора

Ракометарите на Црна Гора со триумфот над Србија ја постигнаа првата победа воопшто на Европските првенства. Тие денеска во Грац беа подобри од големиот ривал со 22:21, а клучен за победата беше голманот Никола Симиќ. Црна Гора со овој триумф ги задржа шансите за пласман во втората фаза. Во вториот дуел од А групата Хрватска ја победи Белорусија со 31:23 и со тоа го обезбеди првото место и пласман во втората фаза. Хрватска е прва со 4 бодови, додека по два имаат Црна Гора и Белорусија, а Србија е последна без бод.
 
Во Ц групата во Трондхајм првата победа ја постигна и Холандија, која славеше над Летонија со 32:24, додека во дербито актуелниот европски првак Шпанија ја совлада Германија со 33:26. Шпанија е прва со 4 бодови, а по два имаат Холандија и Германија, додека Летонија е последна со нула бодови.
 
Во рамките на групата Е што се игра во Малме се одиграа натпреварите од првото коло. Унгарија минимално ја совлада Русија со 26:25, додека непријатно беше изненаден Данска која загуби од Исланд со 31:30.