-->
-->
EП Полска: Периќ очекува победа против Македонија
-->
Македонија и Србија во меѓусебен дуел (вторник 18:15) ќе решаваат која од двете селекции покрај Франција и Полска, од А групата, ќе мине во наредната фаза на 12-то Европско првенство во раскомет.
Двете селекции, во првите две кола забележаа порази ви дуелите со Франција, односно Полска. Македонија од Франција загуби со 23:30, а од Полска со 23:24, додека Србите запишаа пораз од Полска 28:29, а потоа загубија убедливо од Франција 26:36.
„Јас како селектор, заедно со играчите, морам да најдам начин како да ја поминеме групата, и како да ја исполниме целта, а тоа е пласман на Олимписките игри“, рекол Дејан Периќ, селекторот на Србија за интернет страницата на националниот сојуз.
Според Периќ, детали ќе решаваат која од двете репрезентации ќе оди во наредната фаза. Македонија е во нешто подобра положба бидејќи и со нерешен резултат ќе го освои третото место.
„Моите играчи против Македонија ќе излезат со голема желба и мотив за да забележат победа. Ќе бидеме подготвени да одговориме на агресивната игра на Македонците, очекувам голема борба на секој дел од теренот. Лазаров е вистински лидер на тимот, од него се започнува, тој е вистински егзекутор. Имаат квалитетни пикери, тука се Миркуловски и Мојсовски, можат да решат детали, но и некој поединец“, дополнил Периќ.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Трет ден потрага по Данка, проверка на базните станици и телефоните на родителите
-
Хрватска: Наполитанки Кит Кат повлечени од пазарот
-
Две лица се приведени за убиството на лекарот во Железара
-
Се финализираат коалициите пред почетокот на кампањата за претседател следната недела
-
Во Собранието последна нова седница во овој парламентарен состав
-
Путин: Во Европа го плашат народот дека ќе ги нападнеме, сакаат да им ги земат парите
-
Четворица убиени, петмина избодени во напад во Илиноис
-
Руските сили гранатираа 17 населени места во областа Херсон, две лица загинаа