Ракомет
16. January 2016 - 20:12

ЕП Полска 2016: Стартни победи за Унгарија и Шпанија

Репрезентациите на Унгарија и на Шпанија ги забележаа првите победи на Европското првенство. Унгарија во дуелот од 1.коло во Гдањск ја совлада Црна Гора со 32:27, а најефикасен на дуелот беше Бенце Банхиди со 7 голови, додека кај Црна Гора Вуко Борозан постигна истотолку.
Во вториот дуел од Д групата во Гдањск ќе играат Данска и Русија.
Во Вроцлав на дуелот од Ц групата Шпанија ја совлада Германија со 32:29 . Вардарецот Македа постигна три голови, а Штербик имаше 13 одбрани. Најефикасен на дуелот беше Ривера со 7 голови без промашување. 
На вториот натпревар во Вроцлав играат: Шведска и Словенија.