Ракомет
19. January 2016 - 10:29

ЕП Полска 2016: Србите единствени по испадот на голманот Ѓукановиќ

Репрезентативците на Србија со потписи дадоа поддршка за стручниот штаб за постапката на нивниот голман Славиша Ѓукановиќ да ја напушти репрезентацијата. Имено вчера преку социјалните мрежи како што и пренесоа француските медиуми Ѓукановиќ го напуштил хотелот за да се приклучи на својот тим Сент Рафаел. На негово место за денешениот дуел со Македонија е ќе биде пријавен Драган Марјанац. За неговата изјава се вели дека не е точна и во соопштението е истакнато дека во репрезентација дека нема неодговорност и лоша организација, туку дека тоа е само негово лично мислење.

Ѓукановиќ повторно преку социјалните мрежи истакна дека дава поддршка на соиграчите и тренерите, но дека со Дарко Станиќ не можел да најде согласување.