Ракомет
18. January 2016 - 23:21

ЕП Полска 2016: Србија пред дуелот со Македонија со еден голман

Нашиот следен ривал на Европското првенство во Краков селекцијата на Србија остана со само еден голман (Дарко Станиќ). Како што пренесуваат француските медиуми голманот Славиша Ѓукановиќ го напуштил таборот на Србија. Инаку, 36-годишниот голман брани за француската екипа Сент Рафаел.
Во пораката напишал: 
- Драги мои пријатели и фанови, сакам да ве информирам дека ја напуштам репрезентацијата поради лошата организација и неодговорното однесување. 
Ѓукановиќ е резерва на Станиќ и имаше мала минутажа на дуелот со Франција.