Ракомет
29. January 2016 - 22:42

ЕП Полска 2016: Шпанија во финалето против Германија

Репрезентацијата на Шпанија е вториот финалист на ЕП во Полска откако во второт полуфинале ја победи Хрватска со 33:29. 

Во финалето во недела Шпанија ќе игра против Германија и ќе се бори за својата прва европска титула.
Решавачката предност Шпанија ја направи во финишот на првиот дел кога по водството на Хрватска од 13:10 успеа да поведе со 18:14.
Гарсија и Ривера со по шест голови беа најефикасни кај Шпанија, Слишковиќ шест постигна за Хрватска.
Во малото финале во недела Хрватска ќе игра против Норвешка.