Ракомет
19. January 2016 - 8:59

ЕП Полска 2016: Митков: Да ја повториме играта и да победиме

Македонските ракометари попладнево го играат решавачкиот натпревар на Европското првенство дуел да се биде или не (да се продолжи натпреварувањето или се заминува дома). Ривал ни е Србија селекција која истотака прикажа добри настапи.

-   После двата тешки дуела, очекуваме натпреварот со Србија да биде уште потежок. Србија добро играше, до 50-тина минути и губеа на свои грешки. Се надевам дека ќе ја повториме играта во одбрана и во напад и дека на крајот ќе победиме, изјави специјалистот за одбрана Никола Митков, кој на дуелот со Полска постигна два гола.

 

Од Краков, 

Марјан Ников