ЕП Полска 2016: Македонија против Белорусија за прва победа
Македонската ракометна репрезентација денеска од 16 часот во „Таурон Арена“ во Краков го игра последниот натпревар на Европското првенство во Полска. Нашите ракометари и покрај добрите игра на поголемиот дел од натпреварите немаат победа, а имаат два нерешени резултати. Затоа избраниците на селекторот Ивица Обрван се желни да имаат еден комплетен резултатски успех на овој шампионат.
И покрај повредите Обрван се надева дека утре на располагање ќе има подготвени играчи за дуелот со Белорусија.
- Сакаме шампионатот да го завршиме со победа. Белорусија е незгоден противник бидејќи често ја менува одбраната. Ќе треба да бидеме трпеливи и концентрирани сите 60 минути за да стигнеме до триумф, изјави селекторот Обрван на последниот тренинг пред дуелот со Белорусија.
Нашиот денешен ривал најверојатно ќе настапи ослабен бидејќи неизвесен е настапот на нивниот најдобар играч Сергеј Рутенка, кој се поверди на дуелот со Полска во понеделникот.
Натпреварот Македонија – Белорусија почнува во 16 часот.
Ново на Сител
-
Руски воен репортер загина во Украина
-
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
-
Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње
-
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
-
Вучиќ-О'Брајан: Различни ставови по прашањата за Косово и Сребреница
-
Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски напад во Рафа
-
Во вторник предизборен молк
-
СПМ поднесе кривична против поранешниот министер за внатрешни работи и други три лица за несовесно работење