Ракомет
27. January 2016 - 10:17

ЕП Полска 2016: Македонија против Белорусија за прва победа

Македонската ракометна репрезентација денеска од 16 часот во „Таурон Арена“ во Краков го игра последниот натпревар на Европското првенство во Полска. Нашите ракометари и покрај добрите игра на поголемиот дел од натпреварите немаат победа, а имаат два нерешени резултати. Затоа избраниците на селекторот Ивица Обрван се желни да имаат еден комплетен резултатски успех на овој шампионат.

И покрај повредите Обрван се надева дека утре на располагање ќе има подготвени играчи за дуелот со Белорусија.

-           Сакаме шампионатот да го завршиме со победа. Белорусија е незгоден противник бидејќи често ја менува одбраната. Ќе треба да бидеме трпеливи и концентрирани сите 60 минути за да стигнеме до триумф, изјави селекторот Обрван на последниот тренинг пред дуелот со Белорусија.

Нашиот денешен ривал најверојатно ќе настапи ослабен бидејќи неизвесен е настапот на нивниот најдобар играч Сергеј Рутенка, кој се поверди на дуелот со Полска во понеделникот.

Натпреварот Македонија – Белорусија почнува во 16 часот.