Ракомет
18. January 2016 - 23:39

ЕП Полска 2016: К.Лазаров прв стрелец по второто коло

Капитенот на македонската ракометна репрезентација по комплетирањето на второто коло се наоѓа сам на листата на стрелци. Кирил Лазаров има постигнато вкупно 17 голови, а зад него со гол помалку е Сергеј Рутенка од Белорусија.

Лазаров со 20 поени се наоѓа на 7.место во статистиката на голови и асистенции, додека Филип Миркуловски е на делба на 3.место со 4 поени ( 2 блокади и 2 украдени топки) кај играчите од одбраната.