Ракомет
27. January 2016 - 19:01

ЕП Полска 2016: К.Лазаров: Да се каже вистината и да се оди напред

Капитенот на македонската репрезентација Кирил Лазаров дуелот со Белорусија го заврши со 10 постигнати голови, а по поразот (29:30) кај него кај најискусен се чуствуваше доза на горчина:

-         Јас ќе кажам имавме неуспешен настап и да победевме ќе замаскиравме некои работи. Сепак ќе беше добро да се победи. Во спортот постојат победи и порази. Треба да се заборави ова. За два месеци имаме историска шанса, за кои се бориме целиот наш живот. И да бидеме најдобри кога најмногу треба. Не поставивме јасна цел на шампионатот. Ако беше првиот круг да се мине, тогаш е успешно. Ако беше нешто повисоко тогаш е неисполнета. Да се каже вистината во очи, да се признае да се оди напред. Не смее да има препукување, вака беше, онака требаше да биде. Најважно е да бидеме здрави и во олимписките квалификации во април да бидеме најдобри имаме и за поправање многу работи.  Нас за кратко време ни претстои можеби најголемиот предизвик во нашите репрезентативни кариери, мислам дека сме свесни и за тоа ќе живееме, изјави К.Лазаров.