Ракомет
15. January 2016 - 20:40

ЕП Полска 2016: Изјави од прес конференцијата Франција - Македонија

Клод Онеста (селектор на Франција): Тешок натпревар на стартот на првенството како што е вообичаено. Имавме за противник добар тим во Македонија, честиткиза нив.  Вториот дел беше добар за нас и разликата беше во последните 10 минути.

Ивица Обрван (селектор на Македонија): Честитки за Франција за победата. Задоволен сум од играта во 55 минути. На крајот ни снема сила и концентрација и мислам дека поразот е висок. Игравме против најдобрите на светот кои ја казнува секоја грешка. И нас не очекува дуелот со домаќинот Полска.

Валентин Порт (играч на Франција): Нема мали екипи на ЕП. Првиот натпревар е секогаш тежок, така беше и во првите 50 минути.

Филип Кузмановски (играч на Македонија):  Одигравме одлично прво полувреме во напад и одбрана (дисциплинирано). Во вториот дел имавме технички грешки и промашени зицери што не оддалечи од победата.

 

Од Краков,

Марјан Ников