Ракомет
20. January 2016 - 17:38

ЕП Полска 2016: Хрватскиот селектор „избега“ од македонските новинари

На најавениот брифинг на хрватската репрезентација со македонските новинари не се појави „изборникот“ Жељко Бабиќ. Всушност тој беше тука, но немаше храброст да остане две-три минути со македонските новинари. Само мина кусо и дека немал време беше објаснувањето на претставникот од хрватскиот тим.
Време за македонските новинари имаа „вардарецот“ Игор Карачиќ, Иван Чупиќ, Мирко Алиловиќ, како и директорот на репрезентацијата на Хравтска и легендата на хрватскиот ракомет Ивано Балиќ.