Ракомет
31. January 2016 - 19:14

ЕП Полска 2016: Германија европски првак

Германија е нов европски шампион во ракомет откако во финалето ја победија Шпанија со 24:17 (10:6). Ова за Германија е втора европска титула.

Во текот на финалето Германците доминираа во текот на сите 60 минути. 
Голманот Андреас Волф (прогласен и за најдобар голман на шампионатот) имаше 16 одбрани, додека Каи Хефнер со седум голови беше најефикасен.
Германија со оваа победа и се реаншираше на Шпанија за поразот во групната фаза, за Шпанија ова беше 4.ти пораз во финале на Европско првенство.
Германија со првото место се пласира и на Олимписките игри во Рио.
Во малото финале Хрватска ја победи Норвешка со 31:24.
Следното Европско првенство ќе се одржи во 2018 година во Хрватска.