Ракомет
17. January 2016 - 19:51

ЕП Полска 2016: Франција си поигра со Србија

Репрезентацијата на Франција ја постигна и втората победа на шампионатот откако во првиот натпревар од 2.коло од групата А во Краков ја победи Србија со 36:26 (19:16). Селекторот на Франција Клод Онеста на овој дуел за разлика од натпреварот со Македонија има даде шанса и поголема минутажа и на играчите од клупата. Србија равноправен ривал беше само во првите 25 минути, а потоа „експертите“ постојано го зголемуваа водството за на крајот да имаат и најубедливи +10.

Најефикасни на дуелот беа Ниокс од Франција со 8 голови без промашување и Шешум кај Србија истотака со 8 голови.
Франција со оваа победа обезбеди пласман во следната рунда.
Од 20:30 часот во Таурон Арена во Краков играат Македонија и Полска.
 
Од Краков, Марјан Ников