Ракомет
23. January 2016 - 19:44

ЕП Полска 2016: Франција пресилна за Хрватска

Актуелниот европски шампион Франција остана во игра за пласман во полуфиналето на ЕП во Полска откако вечерва во првиот натпревар од денешната програма ја победи Хрватска со 32:24.

Со овој пораз Хрватска ги загуби шансите за пласман во борба за медалите и ќе треба во последниот натпревар од групата 1 да ја победи Полска.
Французите по изедначените 10-тина минути заиграа многу подобро што Хрватска немаше сили да го следи тој ритам. 
На полувремето беше 16:10, а во 37.минута Франција имаше постигнато двојно повеќе голови од противникот (22:11).
 
Најефикасни кај двете селекции беа: Лук Абало со 6 голови кај Франција и Домагој Дувњак кај Хрватска со 5
Одличен на голот беше голманот на Франција Тиери Омејер со 16 одбрани и 1 постигнат гол.
 
Од 20:30 часот вечерва се игра и вгториот дуел меѓу Полска и Норвешка.
Табела: Франција 6 бодови, Полска 4, Норвешка 4, Хрватска 4, Македонија 0, Белорусија 0.
 
Од Краков,
Марјан Ников