Ракомет
17. January 2016 - 11:08

ЕП Полска 2016: Филип Лазаров во составот место Пешевски

Левиот бек на македонската репрезентација Филип Лазаров ќе има шанса за забележи настап на уште едно Европско првенство. Селекторот Ивица Обрван по вчерашниот тренинг денеска направи замена во составот, па така на место на пикерот Жарко Пешевски се најде Филип Лазаров.

Инаку, помладиот од браќата Лазаров во завршните денови од подготовките имаше проблеми со повреда на препоните. Од тие причини и не беше во комбинација за дуелот со Франција.
 
Од Краков, Марјан Ников