ЕП поддржа влез на Бугарија и Романија во Шенген зоната
- Мнозинството парламентарни групи во Европскиот парламент денеска ја поддржаа Резолуцијата со која се бараа Бугарија и Романија да станат членки на Шенген зоната.
Против, такваиот став се изјаснија само парламентарните групи на Европските реформисти и конзервативци (ЕРЦ) и Европа на слободата и директната демократија (ЕФД2).
Сите останати групи оценија дека Бугарија и Романија ги исполниле условите и оти Советот на ЕУ треба да донесе одлука тие да се присоединат кон Шенген зоната.
Според нив, Хрватска исто така треба да стане членка на зоната на Шенгенот, веднаш штом ќе биде подготвена за тоа.
Денешната дебата во Европарламентот за ова прашање беше по иницијатива на групата на Социјалистите и демократите (СД).
Според претседателот на парламентарната група на СД, Џовани Питела приемот Бугарија и Романија во Шенген зоната „е во интерес на Европа и нејзината безбедност“
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација