Свет
15. October 2015 - 8:45

ЕП одделува 401,3 милиони евра за справување со имиграциската криза

Европскиот парламент доцна синоќа даде зелено светло за нови 401,3 милиони евра, кои ќе бидат искористени од ЕУ до крајот на годината за совладување на имиграциската криза, јави ДПА.

Одделувањето на тие средства беше предложено од ЕК и одобрено од буџетската комисија на ЕП во понеделникот.

Тие треба да бидат искористени од земјите-членки, најсилно засегнати од имиграцискиот проток, од трети земји кои прифатиле најголем број сириски бегалци, како и од европски служби.

- Парламентот разбира колку е вонредна ситуацијата со бегалците, рече европратеничката Ејдер Гардиасабал, која работи по прашањата за буџетот во Европарламентот.

Дваесет и осумте држави членки ветија 330,7 милиони евра за овогодинешниот буџет на ЕУ, но ќе треба да ги исплатат тие пари дури идната година.