Спорт плус
29. August 2017 - 8:06

ЕП одбојка: Познати осминафиналните двојки

На Европското првенство за одбојкари што се одржува во Полска завршија натпреварите во групи по што се познати осминафиналните двојки, како и четирите репрезентации кои обезбедија директен пласман во четвртфиналната рунда.
 
Како првопласирани во своите групи пласман меѓу осумте најдобри обезбедија Србија, Германија, Русија и Белгија.
 
Во осминафиналето ќе играат:
Бугарија – Финска,
Италија – Турција,
Франција – Чешка и 
Полска – Словенија.