Фудбал
17. јуни 2017 - 11:27

ЕП: Македонија е подготвена за пресметката со Шпанија

Младите македонски фудбалери вечерва ќе го одиграат првиот натпревар на Европското првенство во Полска. Противник на избраниците на селекторот Благоја Милевски ќе биде селекцијата на Шпанија.
 
Македонија е дебитант, а до Полска стигна со брилијантниот настап во квалификацискиот циклус, оставајќи ја зад себе Франција.
 
„Ние сме меѓу дванаесетте најдобри селекции во Европа и имаме право да бидеме горди на тоа. На ова Европско првенство ќе се обидеме да уживаме во натпреварите. Немаме притисок, но ќе се однесуваме одговорно и посветено. Фудбалерите се добро подготвени и сугурен сум дека ќе го дадат најдоброто од себе“, им изјави на новинарите селекторот Милевски на официјалната прес конференција.
 
Натпреварот се игра во Гдиња со почеток во 20:45 часот. Претходно во Б групата ќе се сретнат Португалија и Србија.