-->
-->
ЕП: Кварезма ја однесе Португалија во 1/4 финале
-->
Португалија е третата селекција, по Полска и Велс, која избори пласман во четвртфиналето на Европското првенство. Во еден од најнеквалитетните мечеви во досегашниот тек од ЕП, Португалија со голот на Рикардо Кварезна, постигнат во 117-та минута, ја елиминира Хрватска.
Португалија не блеска на ова ЕП, со три нерешени средби избори пласман во осминафиналето во кое одигра крајно дефанзивно, но успеа да ја елиминира Хрватска која во првата фаза покажа најмногу од сите селекции на првенството и која играше многу поактивно на овој меч.
Натпреварот во Ленс, од првата до последната минута двете селекции не понудија ништо, а во регуларниот дел немаше ниту еден удар во рамките на двата гола.
Хрватите покажуваа повеќе желба да нападнат, но дефанзивно насочените Португалци сите нивни акции ги кочеа со ситни прекршоци.
Најдобрата шанса во регуларниот дел ја пропошти Вида кога со глава биеше крај десниот дирек.
Најголемиот португалски адут, Кристијано Роналдо беше незабележителен но учествуваше во клучната акција по која беше решен победникот.
На истекот на 116-та минута по центаршутот на Срна, Перишиќ биеше со глава, Руи Патрисио малку ја допре топката и таа заврши во десниот дирек, а во продолжение на акцијата Ренато Санчез повлече контра, Нани од десната страна го пронајде Роналдо, неговиот удар го одбрани Субашиќ, а на одбиената топка налета Кварезма и од непосредна близина ја погоди мрежата.
Португалија во четвртфиналто ќе игра против Полска, која во првиот осминафинален меч по избедувањето на пенали ја елиминира Швајцарија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ ја официјализира својата коалиција
-
Еко акција во Прилеп
-
Штипска фирма доби забрана за работа поради загадување
-
Преглед на вести од светот
-
Предизборно финале - партиите ги финализираат листите
-
Teма на денот со Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Тројца приведени за убиството на матичниот доктор кај поликлиниката Железара – мотивот се уште непознат
-
Предизборно финале - партиите ги финализираат листите