Loading Video...
Кошарка
20. November 2020 - 19:54

ЕП: Кошаркарите стартуваа со подготовките за квалификацискиот турнир во Талин

Нашите најдобри кошаркари денеска стартуваа со подготовките за квалификацискиот турнир за ЕП кој ќе се одигра во Талин.  По направенатите тестирања селекторот Александар Тодоров на првиот тренинг можеше да смета на 12 кошаркари. 
Според информациите од здравствената комисија при федерацијата направени се неопходните тестирања  на сите репрезентативни кандидати вклучително и членовите на стручниот штаб и сите се со негативен наод од тестовите. 
Од повиканите репрезентативци тоа се Малденовски , Ефремоски, Стојановски, Мајгдевски, Бакоч, Николов, Симоновски, Митревски, Робев , Трајковски, Савиќевиќ и Тодоровски. 
Поради повреда на првиот тренинг не се појавија Андреј Андоновски и Јетмир Зекири. 
Националниот тим предводен од селекторот Тодоров тренираше од 18ч. Во СЦ Јане Сандански но за жал ТВ Сител не успеа да обезбеди изјави од стартот на подготовките  иако уредно ја пријави својата екипа кај потпаролот  на кошаркарската федерација и доби потврда дека може да ги направи предвидените разговори.