Кошарка
8. September 2022 - 20:18

ЕП Кошарка: Шпанија - Литванија , дерби во осминафиналето

Селекцијата на Словенија предводена од Лука Дончиќ со 47 поени ја совлада во извонредно интересен натпревар Франција со 88-82 со што како првопласирана во групата се пласираше во осминафиналето на ЕП во кошарка. 
Словенија во следната фаза ќе игра против Финска која денеска убедлива ја совлада Холандија со 88-67 додека Франција за противник ја доби Турција. Познати се уште две двојки Германија- Црна Гора и  Шпанија Литванија. 
Попладнево нова победа забележа и Грција во дуелот со Естонија од 90-69 додека Хрватска беше подобра од Украина со 90-85 и со тоа избегна осминафинале со силната Србија.