Кошарка
13. September 2017 - 14:11

ЕП Кошарка: Денеска уште две 1/4 финални пресметки

Откако селекциите на Шпанија и Словенија ја формираа првата полуфинална двојка на ЕП во кошарка попладнево ќе биде позната и втората двојка откако ќе се одиграат четвртфиналните дуели помеѓу селекциите на Грција и Русија (17.45ч), односно Италија и Србија (20.00).