Loading Video...
Спорт плус
18. November 2022 - 18:53

ЕП Кик бокс: Голем успех за Македонија, Илиоски освои златен медал

Уште еден голем успех за македонскиот спорт на меѓународната сцена откако  репрезентативецот во Кик Бокс Бобан Илиоски освои златен медал на ЕП во Турција. 
Бобан Илиоски освои златен медал на Европското првенство во кик-бокс, кое се одржува во Анталија, Турција.
 
Илиоски во финалето во категоријата лоу-кик до 86 килограми,славеше против  Христо Калајџиев од Бугарија со 3-0.
 
Во претходните две борби македонскиот репрезентативец  Илиоски со по 3-0 ги победи Чехот Мартин Лоренц и Хрватот Борна Манојловиќ.
Ова е втор медал за Македонија на ЕП. Претходно Викторија Варадинова освои бронзен медал.