Ракомет
14. January 2018 - 10:03

ЕП - Хрватска 2018: Вујовиќ: Ако е ова судење, јас ја менувам професија

По поразот од Македонија на стартот од шампионатот во Хрватска, селекторот на Словенија Веселин Вујовиќ на прес конференцијата истакна:
 
- Честитки за Македонија за победата. Знам колку македонскиот народ ја посакува победата. Јас сум крив. После толку години во ракометот мислам дека ништо не знам, во 90 % не знам што судеа романските судии. Ако ова судење е позитивно јас ќе ја сменам професијата. Нашата шанса е во следните два натпревара.