Ракомет
17. January 2018 - 9:55

ЕП - Хрватска 2018: В.Маркоски го менува Ф.Лазаров

Селекторот на Македонија Раул Гонзалез ја направи и првата промена во составот. На местото на Филип Лазаров на листата на играчите за дуелот со Германија ќе биде Велко Маркоски. Ф.Лазаров вчера го пропуштил и тренингот.
Тој има ситна повреда на листот на мускулот, а селекторот Раул најверојатно не сакајќи да ризикува во составот го „вметна“ специјалистот за одбрана Велко Маркоски. Филип Лазаров на првите два дуела ги постигна головите кои ни ги обезбедија победите и имаше 5 голови од 5 обиди.
Настапот на Маркоски ќе значи дека ова за него ќе биде петто Европско првенство и ќе има можност да го одигра 20.ти натпревар на европските шампионати.